Home » 2014 » October » 17 » Барса и Реал едноставно мислат на "Ел Класико"!
14:49
Барса и Реал едноставно мислат на "Ел Класико"!

 

http://scontent-b.cdninstagram.com/hphotos-xpa1/t51.2885-15/10520162_343225259165822_1323760477_n.jpg

 

До натпреварот на годината има уште неполна недела, двата тима меѓувреме ке одиграт два натпревари, но единствено нешто што е битно а тоа е дуелот со најголемиот ривал. Какви се плановите на Луис Енрике и Крало Анчелоти!

Секако, од двата табора ке го слушнате стандарното "дека првиот натпревар секогаш е важен", но не е така. Всушност, Реал и Барса после двонеделната пауза се враќат на терените, и тоа размислувајки само како да се зачуват за Ел Класико.

Анчелоти за наредните два натпревари размислува, против Леванте и Ливерпул во ЛШ да го комбинира тимот и да се чува за Барселона.

Тој веројатно ке ги одмара Беил и Бензема, додека пак како што тврди МАРКА не планира да го одмара Роналдо, бидејки сака да игра на секој натпревар. Овие два натпревари кој ке ги одигра Реал пред Ел Класико, веројатно прилика за игра би добил Иско, кој не се снајде баш најдобро против "Орловите", но во последните неколку натпревари покажа одличин партии за Реал. Тој и Илараменди се менуват со Модрич и Крос а во конкуренција е и заборавениот Кедира.

Исто така Чичарито, би требало да добие шанса на местото на Бензема, а за место во одбраната и самиот Анчелоти не е сигурен, кој ке игра покрај Рамос во Ел Класико, Варан или Пепе.

Во секој случај минутажата на Рамос ке се намали во наредните два натпревари како би ја зачувал енергијата за Ел Класико.

Реал не смее да изгуби од Барса, разликата ке биде преголема, а веке заостануват четири бода.

Што се однесува до каталонците, веројатно Нејмар ке одмара против Еибар бидејки беше подолго повреден, а сигурно Луис Енрике ке ги промеша картите за натпреварот од лигата на шампионите наредниот вторник кога на Камп Ноу гостува Ајакс.

Каталонскиот СПОРТ ја открива намерата на Луис Енрике дека ке го нападне Реал уште од првата минута. Изгледа дека нема дилеми, Суарез може да дебитира уште од првата минута на Бернабеу.

Енрике планира Меси, да му ја даде целосната слобода на теренот каде што ке се наоѓа позади Суарез и Нејмар, а грбот ке му го чуват Ракитич, Иниеста и Бускетс. Нема дилеми кога се во прашање стоперите. Матје ке добие шанса лево пред Алба, што значи дека Пике и Масчерано ке играт во последната линија.

Да потсетиме, сето тоа е за наредното коло, но во Шпанија никој не зборува за претстојното коло, се очекува Барселона и Реал да го добијат Еибар односно Леванте, така да табелата ке остане непроменета пред Ел Класико

 

 

Category: Ла Лига | Views: 487 | Added by: NoName | Rating: 5.0/2
Total comments: 0
avatar

Log In

Our poll

Кој ке ја освои Ла Лига?
Total of answers: 2