Home » 2014 » September » 19 » Натпревар за шест бода: Елче-Еибар
18:49
Натпревар за шест бода: Елче-Еибар

 

https://www.marcaentradas.com/files/images/fichero11110.png

 

Можеби и понатаму е рано да зборуваме за тоа, но на крајот од сезоната, бодовите од овој натпревар може да се покажат како одлучувачки за Елче и Еибар.

Елче е во многу солидна форма во последно време. Тие имат две победи, две ремија и еден пораз во последните 5 натпревари. Подобра од нив е само Барселона, а посебно важна победа беше во последното коло каде што го победиа тимот на Рајо Ваљекано со резултат од 3-2.

Елче е без повредени фудбалери, а значението на овој натпревар е тоа што се знае дека наредното коло гостуват кај Реал Мадрид каде што тешко ке може да извлечат некој бод.

Еибар очекувано тешко се снаоѓа во Премиера. По триумфот над Реал Сосиадад, поразени се од Атлетико и Депортиво. Секако дека борбеноста е убава, но во сурово тешко натпреварување како што е Премиера, не е доволна.

Тие во наредниот натпревар играт против Виљареал.

 

 

Category: Ла Лига | Views: 331 | Added by: NoName | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
avatar

Log In

Our poll

Кој ке ја освои Ла Лига?
Total of answers: 2