13:27 Суарез: Малку фалеше да се откажам од фудбалот на 14 години | |
Напаѓачот на Барселона и уругвајската ремпрезентација Луис Суарез откри дека бил многу близу да во својата 14 година да ја заврши фудбалската кариера. Суарез кој моментално ја отслужува суспензијата и го чека своето прво деби во дресот на Барселона, а истовремено ја доби и златната копачка. Во неговиот тогашен клуб, Национал од Монтевидео, му рекле дека не се задоволни од неговиот напредок, и дека би било најдобро да го напушти клубот. "Почетокот на мојата кариера беше многу тежок. Во клубот ми рекоа дека не ги исполнувам нивните очекувања и дека повеке не сум им потребен. Тогаш влегов во лоше друштво, но морав да се дистанцирам од сето тоа и да му се посветам на фудбалот. Луѓето во клубот ми дадоа последна шанса, тогаш ја сретнав и мојата сопруга која ми помогна да се вратам на вистинскиот пат", раскажа Суарез во интервјуто за клубскиот сајт. Поврзани вести Кога Мишел размислува: Платини воведува бел картон
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |