Фудбалерот на Реал Мадрид Сами Кедира изјави дека знае каде ке ја продолжи кариерата и така ги потврди шпекулациите дека заминува од клубот.
"Сешто може да се случи до 31 август", рече Кедира
Тој доби дозвола од клубот да ја промени средината откако одби да го продолжи договорот. Го немаше и на реваншот од Супер купот на Шпанија каде што Реал Мадрид изгуби од Атлетико Мадрид.
Наводно најмногу за Кедира се интересират клубовите Арсенал, Баерн Минхен и Фиорентина.