16:16 Бенитез два пати му рекол не на Реал | |
Рафа Бенитез имал можност два пати да биде тренер на Реал Мадрид но тој ги одбил, откри неговиот менаџер Мануел Гарсиа Килон. Тоа се случило во периодот од 2004-2010 година, кога Бенитез го водеше тогашниот англиски премиерлигаш Ливерпул. "Две години по ред Реал го бараше. Тоа беа интересни понуди. Дури и претседателот Флорентино Перез доаѓаше во Англија за да го убеди. Меѓутоа, сето тоа беше безуспешно, пред се не успеа да ја убеди сопругата на Рафа, тоа се случи непосредно пред Бенитез да го продолжи договорот со Ливерпул, и сакаше да го одржи зборот кој му го даде на клубот", наведе Килон во изјавата за Марка. Бенитез, сега е тренер на Наполи, своевремено од 1993-1995 година го водеше Б тимот на Реал Мадрид. Пред тоа Бенитез беше тренер на Ваљадолид, Осасуна, Екстремудуру, Тенерифе, Валенсиа, Ливерпул, Интер, Челси и Наполи.
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |