Home » 2014 September 14 » Без шала: Валенсиа лесно до трите бода
19:19 Без шала: Валенсиа лесно до трите бода | |
Фудбалерите на Валенсиа ја оправдаа улогата на фаворит и на "Местаља" го совладаа тимот на Еспањол со резултат од 3-1 од третото коло на Премиера. "Слепите мишеви" одлично ја започнаа сезоната и со овој триумф, имат 7 бода се ближат кон второто место на табелата. Тимот од Каталонија има освоено само 1 бод. Првиот гол за Валенсиа го постигна Пабло Пијати уште од 7 минута, а после поништениот погодок на гостите на почетокот од второто полувреме, предноста на домашните ја зголеми Даниел Парехо во 63 минута. Третиот погодок за Валенсиа го постигна Алсасер Пако во 73 минута, додека пак утешниот гол за гостите го постигнаСерхио Гарсиа во последните минути од натпреварот.
Поврзани вести: Еуфориа на Местаља: Валенсиа - Еспањол
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |