Home » 2014 September 12 » Диего Симеоне: Никогаш во Реал и Барселона
16:56 Диего Симеоне: Никогаш во Реал и Барселона | |
Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изјави дека никогаш не би седнал на клупата на Реал Мадрид и Барселона, бидејки е голем навивач на црвено-белите од Мадрид. Тој исто така истакна дека неговиот Атлетико Мадрид изгледа како на Марадониниот Наполи. "Навивачите се идентификуват со нашите напори и со нашата посветеност. Ние сме екипа на луѓе, како на Марадониниот Наполи". Симеоне како фудбалер на два наврати беше член на Атлетико кој му прирасна во срцето. "Можеби сум луд, но никогаш не би ги тренирал Реал Мадрид и Барселона. Тоа би било глупаво. Јас сум навивач на Расинг и Атлетико. Како навивач на Расинг никогаш не би го тренирал Индепедијате. Исто така не би бил тренер на Барселона и Реал Мадрид", рече популарниот Чоло.
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |