18:37 Енрике од Барса направи непробоен бедем! | |
Барселона ова лето ги донесе Луис Суарез и Иван Ракитиќ како најзвучни засилувања, но по се изгледа дека Луис Енрике најмногу ја подобри одбраната. „За да освојуваме титули мораме да бидеме многу добри во дефанзива“, изјави Луис Енрике после победата од 2:0 над Атлетик Билбао. Откако пристигна Енрике на чело на Барселона посебен нагласок става на одбраната. Мунир и Педро почнуваат со висок пресинг, средниот ред со Ракитиќ, Бускетс и Иниеста постојано го притискаат противникот, па резултатот од тоа е што сеуште не сме виделе во каква форма е голманотБраво. Единствените два удари кон голот на Барселона во првите три кола ги упати Атлетик, што значи дека противниците упатуваат во просек само 0.67 удари кон голот на Барса. Минатата сезона просекот беше 3,5 удари во голот, што е навистина голема разлика. Енрике ги затвори и крилата кои беа болна точка на Каталонците во изминатите сезони. Колку му значи дефанзивата на тренерот покажува и неговата изјава за Нејмар, кој постигна два гола. „Морам повторно да ги погленам снимките од натпреварот за да видам каков беше во дефанзивните задачи“, изјави Енрике после натпреварот. Барселона е без примен гол после три кола во Примера и со тоа го изедначи учинокот од сезоната 1993/94 кога бранеше Зубизарета. Најдобар почеток е во сезоната 1977/78, кога Барса во првите 6 кола не прими ни еден гол. Поврзани вести: Подгответе се, започнува лигата на шампиони! Енрике: Меси може да биде и најдобриот одбрамбен играч на светот Нејмар со 2 гола за победа на Барселона Енрике: Притисокот кон Нејмар е брутален
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |