23:32 Илараменди, еве ти шанса да се докажеш! | |
Момчето кое минатата сезона дојде во Реал Мадрид заедно со Иско, Асиер Илараменди, ке има голема прилика во наредниот период да се докаже на тренерот Анчелоти. Средината на теренот во Реал Мадрид претставува една од најјаките алки од почетокот на оваа сезона, доволно беше само да се стави Сами Кедира на клупата, а некој да предвидоа дека Чаби Алонсо ке остане без место во стартните 11 поради огромната конкуренција. Чаби Алонсо отиде во Баерн Минехн, дали поради големата конкуренција или поради тоа што сака нови предизвици нема да дознаеме, Сами Кедира се повреди, така да двете позиции како заден везен останаа слободни а фудбалери кој ке се борат во конкуренција за оваа позиција се Модрич, Тони Крос и Илараменди. Следуват жешки натпревари во Ла Лига и ЛШ, што секако дека ке значи, Карло Анчелоти сигурно ке прави ротации во тимот за да не се уморат играчите, а момчето кој дојде од Реал Сосиадад претходното лето сега може да добие шанса во првиот тим, нешто што небеше замисливо од пред два недели. Кедира од терените ке отсуствува 5-6 недели, а Илараменди со неговото отсуство ке се обиде да го надохнади и да се наметне кај Карло Анчелоти.
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |