Home » 2014 » September » 8 » Latino Barca!
16:55
Latino Barca!

 

Los Sudamericanos son mayoría en el vestuario.

 

 

Оваа сезона ке биде историска за Барселона, Каталонците кој некогаш важеа за "холандска" екипа оваа сезона ке има најмногу јужноамериканци во својата историја на клубот.

Секако, Јохан Кројф и неговата "Портокалова" револуција оставија неизбришлив траг во историјата на Барселона. Со децении каталонците, посебно тоа се однесува на деведесетите години на минатиот век кога фудбалерите од Холандија беа најбројни во соблекувалната на Барселона.

Секако, зборуваме за странските фудбалери. Меѓутоа, интересно е тоа што еден холанѓанец, Франк Рајкард ја прекина оваа пракса. Всушност, кога Барселона ја освои европската титула, јужноамериканците ја зазедоа својата позиција, тогаш беа само осуммина.

Да потсетиме, Деко, Роналдињо, Едмилсон, Меси, Силвињо, Белети, Мора и Жефрен беа играчите кој учествуваа во походот кон европската круна, но веке кај Гвардиола тој број се намали, прво на шест, а потоа само на четворујца во 2010.

Потоа дојдоа Масчерано и Алексис Санчез, Алексис оваа лето го напушти клубот, но оваа сезона ке биде запамтена по тоа што ке има повеќе јужноамериканци во тимот.

Всушност, дојдоа Клаудио Браво, потоа Суарез, како и бразилецот Даглас. Со доаѓањето на последниот во тимот на Барселона, сега има повеке Бразилци во соблекувалната. Покрај него овде се уште и Нејмар, Алвеш, Адриано и Рафиња, тој е роден и израснат во Шпанија, но за разлика од неговиот постар брат Тиаго Алкантара, одбра да игра за татковината на неговиот татко, Мазињо.

Пет бразилци, двајца аргентинци, Меси и Масчерано, потоа Браво и Суарез ја сочинуват колонијата на латиноамериканци. Тоа е околу 40% од тимот, поточо 39,1%, а интересно е тоа што бројот на фудбалери од Бразил не е рекор на тимот. Во 2006 година тимот броеше 6 бразилци предводени од легендарниот Роналдињо, но само еден аргентинец Меси, и заборавениот Жефрен кој е роден во Венецуела.

После Кројф бразилци во тимот имаше најмногу, чак и кога важеше правилото за тројца странски фудбалери овде беа Роналдо, Џовани и Пици, а година дена покасно им се придружи и Сони Андерсон.

После Ван Хал дојде нова холандска револуција, но факт е дека најдобри резултати во Барса се покажа дека има помладокот од "La Masia". Меси е аргентинец, но денес тешко ке најдете некој кој го смета за странец, истото може да се каже и горенаведениот Рафиња.

Вистина е дека од 23 фудбалери оваа сезона Луис Енрике и понатаму ке смета на младинците од школата, секако дека и тие ке имат улуга оваа сезона во тимот, односно со доаѓањето на Ракитич, Браво, Матје, Суарез минатата година и Нејмар тежиштето е префрлено кон странските играчи.

Но, доколку ја погледнеме традицијата, во сезоната кога имаше најмногу јужноамериканци, освоена е Лигата на шампиони во 2006 година.

Дали оваа е судбоносен знак за оваа сезона.

 

 

Category: Ла Лига | Views: 283 | Added by: NoName | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
avatar

Log In

Our poll

Кој ке ја освои Ла Лига?
Total of answers: 2