15:04 Мадрид на нозе, но не поради кошарка: Реал - Атлетико | |
По седми пат оваа година, двата големи гратски ривали ке ги одмерат силите. Оваа беше незаборавна година за едните и за другите, Реал ја освои јубилејната 10 титула во ЛШ, додека пак Атлетико после 18 години повторно стана најдобар клуб во Шпанија. "Јорганџиите", добија само 1 од шесте одиграни натпревари, а тоа беше победата со кој ја освоија титулата од суперкупот на Шпанија, кон крајот на минатиот месец. Секако најважниот триумф од овој натпревар беше финалето од лигата на шампионите, каде што Реал триумфираше со 4-1. Работите не тргнаа на добро кога се однесува до Атлетико Мадрид од стартот на новата сезона. Реми со Ваљекано беше првата лоша вест, а потоа уште една лоша вест ги изненади навивачите каде што Чоло беше суспендиран и тоа на 8 натпревари. Работите си дојдоа на своето место триумф против Кордоба на Висенте Калдерон. Да, ситуацијата исто така не е подобра и во тимот на Реал Мадрид, се пробудиа играчите на Реал Сосиадад. Тие успеаа да направат фантастична пресвртница од 0-2 до 4-2, и им го нанесоа првиот пораз на избраниците на Карло Анчелоти. Италјанскиот стручњак не беше задоволен од играта на неговиот тим, така што направи одредени промени пред големото Мадридско дерби, кој започнува вечерва со почеток од 20 часот.
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |