22:00 Манџукич или Бензема, кој ке го одлучи дербито? | |
Двете екипи играт со по еден напаѓач, всушност тие можат да го решат натпреварот. Манџукич сеуште го споредуват со Диего Коста, додека пак Бензема со доаѓањето на Чичарито ке мора да се докажува. Реал во сабота од 20 часот на Сантијаго Бернабеу го дочекува гратскиот ривал Атлетико Мадрид, во 3 коло од Премиера, а и двата тима немат право на кикс. Реал едвај го победи тимот на Кордоба, а потоа загуби од Сосиадад, додека пак Атлетико зеде бод кај Валенсиа и тешко го совлада тимот на Еибар. Двете екипи ке играт со по еден напаѓач кој всушност тие можат да го решат натпреварот. Манџукич оваа сезона одигра 6 натпревари каде што забележа 4 гола. Два тие два гола даде за хрватската ремпрезентација против Кипар, а од двата за клубот, едниот беше против Реал. Со постигнувањето на неговиот гол, Атлетико го освои супер купот на Шпанија. Постигна погодок и против Еибар, но иако го ценат шпанските медиуми, сеуште го споредуват со Диего Коста. Пред се поради промашувањето на чистите шанси против Ваљекано. Карим Бензема долго време немаше вистинска конкуренција, но со доаѓањето на Ернандез и тоа како ке мора да се докажува, ако сака да остане во почетниот состав. Иако минатата сезона постигна 24 гола, стално беше критикуван. Не помогнаа ниту головите против Баерн во полуфиналето од ЛШ, Барселона во првенството или на Атлетико на Висенте Калдерон... Оваа сезона одигра 6 натпревари а мрежата ја затресе само еднаш, а во последните 18 официјални натпревари за Реал постигна само 2 гола.
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |