16:52 Напред кон ЛШ? Кордоба-Севиља | |
Кордоба сосема солидно ја започна својата одисеа во Премиера, но тоа што му недостасува на овој тим се победите. Понекогаш за опстанок треба да се земат и трите бода. На претходните пет натпревари, Кордоба има четири ремија и еден пораз. Тој пораз им го нанесе Реал Мадрид, а освен тоа, одиграа нерешено против Алмериа, Селта и нисколигашката екипа на Маирена. Интересен е податокот што на тие три натпревари резултатот е завршен со резултат 1-1. Проблемот за Кордоба е тоа што имат доста повредени фудбалери и плус тоа тренерот има многу тенок избор. Ке отсуствуват Гунијо, Хосе Карлос, Луса и Кабалеро сигурно дека ке претставува голем хендикеп. Но, и Севиља има свој маки, надвор од стројот ке бидат Барбоса, Бето, Гамеиро и Кристофоро. Севиља е во многу одлична форма, имат четири победи и едно реми на претходните пет натпревари. Додека пак на последните два натпревари нивната мреже не се затресе. На последните три натпревари паѓаа Еспањол, Хетафе и Фејнорд. Во наредното коло, Кордоба гостува кај Валенсиа, додека пак Севиља го дочекува тимот на Реал Сосиадад.
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |