18:58 Нејмар со 2 гоал за победа на Барселона | |
Со двата гола на Нејмар Барселона го доби тешкото дерби против Атлетик Билбао со резултат од 2-0, од третото коло од Премиера. Каталонците против Баскијците ( и двата тима играа со дресовите со регионални мотиви) се мачеа до последните 10 минути кога на сцена стапи Нејмар. Нејмар во игра влезе во 63 минута на местото на младиот Ел Хадади, постигнувајки 2 гола со 2 асистенции на Меси. На два наврата прекрасно комбинира со Меси, па аргентинецот забележа две асистенции кај погодоците на Нејмар. Барселона и понатаму има максимален учинок, а интересно е тоа што во сите три натпревари досега нема примено гол. Вечерва сепак во центарот на вниманието е градското мадритско дерби, нова реприза од финалето на лигата на шампионите. Првакот на Европа го дочекува првакот на Шпанија.
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |