Home » 2014 » September » 8 » Нуно: Негредо е напаѓач како што ни е потребен
21:22
Нуно: Негредо е напаѓач како што ни е потребен

 

http://img02.mundodeportivo.com/2014/07/03/Nuno-llega-procedente-del-Rio-_54411551905_54115221152_960_640.jpg

 

Тренерот на Валенсиа Нуно Еспирито Санто, задоволен е со тоа што Фелипе Агусто и Алваро Негредо во последните денови од преодниот рок беа доведени во неговиот тим.

"Верувам дека направивме добра работа. И претходно имавме добар тим, со неколку фантастични играчи, а со новите засилувања сме уште појаки", рече Нуно додавајки:

"Негредо е тип на напаѓач како што ни е потребен. Родриго е фантастичен, апсолутно фантастичен, но ние исто така го имаме и Пачо Алцацер кој има само 21 година и веке е ремпрезентативец на Шпанија. Тој и Родриго се млади напаѓачи, но квалитетни. Сега само со Негредо воедно добивме квалитет но и искуство. Тој е друг тип на фудбалер во однос на Пачо и Родриго и тоа нам ни требаше."

Португалскиот тренер е уверен дека неговиот тим оваа сезона може да се протне кон врвот на табелата.

"Имам чувство дека ке направиме големи резултати, но мојот ум ми зборува дека треба да одиме чекор по чекор. Не сме во можност со Реал, Атлетико и Барселона да се бориме за титулата, нашата цел ке биде пласман за во лигата на шампионите", вели тренерот на Валенсиа.

"Само три екипи во оваа првенство се пред сите други тимови. Секако станува збор за Реал, Барселона и Атлетико. Ние ке водиме голема битка за четвртото место со Севиља, Атлетик Билбао, па и Виљареал, но верувам дека ние ке бидеме тие кој ке ја оствариме нашата цел", на крај рече тренерот на Валенсиа.

 

 

Category: Ла Лига | Views: 357 | Added by: NoName | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
avatar

Log In

Our poll

Кој ке ја освои Ла Лига?
Total of answers: 2