16:31 Овој тим го одбраа навивачите на Барса! | |
![]() Тие не се прашуват, но не им се допаѓат некој идеи на Луис Енрике, но и самиот Лео Меси! Навивачите не му веруват на Чави...
Каталонскиот "Спорт" направи традиционална анкета каде што практично се слуша гласот на народот бидејки навивачите, односно "сосиите", имат обичај да ја пополнат оваа анкета, и така го искажуват своето јавно мислење.
Се определија за Тер Штеген како прв голамн, и тоа две третини од испитаниците. Германецот доби 66% од гласовите, Клаудио Браво 29%, додека пак само 5% од испитаниците сметат дека голманот од Ла Масиа Масип треба да биде прв голман.
На десната страна Дани Алвеш нема никаква конкуренција, сепак останува да видиме дали ке стигне нов десен бек, 55% сметат дека тој треба да биде во првата постава, во предност пред Мартин Монтоја. Лево е неприкоснованиот Жорди Алба, доби 90% од испитаниците, овде нема никаква дилема, сигурно дека тој ке биде првиот избор на Лучо. Пике доби најмногу гласови, тој и самиот е навивач и тоа повеке од четврт век, неговиот дедо го зачлени кога се роди. За Пике гласаа 44%, за Матје 37%, за Вермален 11%, некој му дадоа предност на Масчерано пред Бартра. Масчерано е позади Бускетс на местото како заден везен, стандардниот играч доби 56% од гласовите, дупло повеке од аргентинецот, кој беше неприкосновен на СП во Бразил. Но, што да се каже за Чави, само 12% од испитаниците се изјаснија дека треба да биде стандарден, многумина сметат дека Ракитич е огромно засилување и дека треба да биде во првиот ти. Неприкосновен е Иниеста, а изненадувањето е во нападот. Но, не кога се персоналните решениа, всушност, се знае дека Енрике ке ги форсира Луис Суарез, Нејмар и Лионел Меси, во неговата формација. Уругваецот ке биде десно, бразилецот лево, додека пак Меси ке биде најблиску до голот.
Меѓутоа, навивачите имат други идеи, 50% од испитаниците сметат дека Суарез треба да игра како класичен напаѓач, додека Меси да биде поместен на десната страна.
Значи, тимот би изгледал вака:
Тер Штеген,
Алвеш, Пике, Матје, Жорди Алба
Ракитич, Бускетс, Иниеста
Меси, Суарез, Нејмар
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |