Home » 2014 » September » 15 » Подгответе се, започнува лигата на шампиони!
16:28
Подгответе се, започнува лигата на шампиони!

 

 

http://worldsoccertalk.com/wp-content/uploads/2012/10/champions-league.jpg

 

 

Најквалитетното клубско натрепварување на светот, лигата на шампиони, започнува утре со натпреварите од првото коло, групните фази.

Оваа ке биде 60 натпреварување организирано од европската фудбалска унија (УЕФА), чиј победник ке му ја донесе титулата на европскиот првак, а 23, од кога се вика лига на шампионите.

Финалето ке се одигра на олимпискиот стадион во Берлин, титулата ке ја брани Реал Мадрид, најтрофејниот клуб на оваа натпреварување има 10 титули.

Овосезонската лига на шампиони ке донесе неколку новини. За прв пат од основањето мора да го исполнуват правилото за финансискиот фер-плеј. Од оваа сезона сите жолти и црвени картони се бришат после четвртфиналето, односно суспензиите нема да се однесуват во полуфиналето.

Освен тоа, од оваа година ке се користи спрејот за обележување на слободните удари и нивната далечина на живиот ѕид.

Во вторин и среда ке се одиграт 16 натпревари, по 8 во двата дена.

Шампионот на Европа Реал Мадрид своите натпревари ги започнува во вторник во натпреварот птотив Базел.Кралскиот клуб оваа сезона ја започна многу лошо. Го изгуби суперкупот на Шпанија од гратскиот ривал и во домашниот шампионат, а сезоната ја започна со една победа и 2 порази.

Лидерот на тимот Кристиано Роналдо во саботниот дуел против Атлетико покажа дека се опоравил од повредата, но сеуште е неизвесен натпреварот за Сами Кедира, Дани Карвахал и Хамс Родригез.

Покрај се Реал е апсолутен фаворит во дуелот со Базел. Мадриѓани на свој терен играа 10 пати против швајцарски тимови и примаа само 2 гола.

Базел е лидер во швајцарското првенство со 6 бода од одиграни 8 кола, но во Мадрид доаѓат после поразот од 1-3 од Грасхопер. Тимот утре ке игра во Мадрид каде што досега во оваа натпреварување никогаш не го поминале осминафиналето.

Веројатно утре најинтересен натпревар ке биде дуелот помеѓу Борусиа дортмунд и Арсенал, оваа ке им биде трет пат каде што се среќават во групната фаза.

Прв овосезонскиот натпревар, меѓутоа, ке биде обележан со повредени играчи на двете страни. Германскиот тим нема да може да смета на Мат Хумелс, Марко Ројс, и Јакуб Блашчикоски, а се очекува во тимот да конкурира и опоравениот Чиро Имобиле и Пјер-Емерик.

Борусиа е благ фаворит, иако во тимот си замина искусниот голгетер Роберт Левандовски.

Додека пак Арсенал има проблем со повредените Матје Дебиши и Оливер Жиру, додека пак настапот е неизвесен за Тео Волкот и понатаму е далеку од првиот тим.

Исто така и Арсенал го промени својот тим оваа лето, а деби за новиот тим во лигата на шампионите би требало да имат Алексис Санчез и Дани Велбек.

Вицешампионот на Европа Атлетико Мадрид лигата на шампионите ја започнува во добро расположение, после победата над Реал Мадрид во гратското дерби минатиот викенд. Душекџиите многу го променија тимот, но продолжија да играт исто како и минатата сезона.

Атлетико има проблеми со повредениот Кристиан Родригез, додека нивен прв противник ке грчкиот шампион Олимпијакос.

Иако Атлетико е фаворит, Олимпијакос е изразено димонантен во домашниот шампионат, а беше и тежок противник во минатата сезона од оваа натпреварување.

Галатасарај утре ке се обиде да остави траг во Европа, а овој пат ке биде под палка на ценетиот италјански стручњак Чезаре Прандели, кој до скоро беше селектор на Италија.

Галатасарај се засили со поранешниот македонски ремпрезентативец Горан Пандев. Новата сезона Галата ја започна многу променливо, а победа на старото од ЛШ нема забележано во последните 4 години.

Андерлехт моментално е водечкиот тим во белгиската лига, без пораз е на последните седум кола, со расположениот стрелец Александар Митрович, ремпрезентативецот на Србија.

Јувентус исто така во вторник игра против Малме, започнуват нов циклус со цел да се вратат на врвот на Европа. Во слична ситуација е и Ливерпул, го дочекуват бугарскиот Лудогорец, тимот кој во кфалификациите го елиминира белгратски Партизан.

Во вторник ке се сретнат и Бенфика-Зенит и Монако-Баерн Леверкузен.

 

 

Category: Лига на шампиони | Views: 423 | Added by: NoName | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
avatar

Log In

Our poll

Кој ке ја освои Ла Лига?
Total of answers: 2