Home » 2014 » August » 16 » Погодок или промашај: Играчите на Арсенал во Барселона
23:18
Погодок или промашај: Играчите на Арсенал во Барселона

http://blogs.soccernet.com/barcelona/cesc%20fabregas%20barcelona%20wallpaper%20barcablog%20barca%20blog%20barcelona%20cesc%20fabregas%20barcelona%20wallpaper%20barcablog%20barca%20blog%20barcelona.jpg

 

Од осумте играчи кој преминаа од Арсенал во Барселона, како добар показател единствено беа Ван Бронхорст и Анри, а Вермален тек треба да се докажува.

Вермален стана осмиот фудбалер во ерата на Арсен Венгер кој замина за Барселона. Вермален додјде да ги пополни празнините во одбраната, но и тој се повреди во текот на оваа светско првенство.

Белгиецот го следеше патот на неговите претходници Марк Овермарс, Емануел Петит, Џовани ван Бронхорст, Тиери Анри, Александер Хлеб, Цеск Фабрегас и Алекс Сонг. Направивме анализа на играчите и го оценивме нивниот допринос за клубот.

 

http://static.guim.co.uk/sys-images/Football/Pix/pictures/2010/3/30/1269971801140/Marc-Overmars-001.jpg

Марк Овермарс- Крило 31,2 милиони евра 2000 год.

Марк Овермарс стана првиот најскап фудбалер во историјата на холанскиот фудбал. Во 2000 година од Арсенал премина во Барселона за 31,2 милиони евра. Неговите четири години на Камп Ноу беа испрекинати со многу повреди па неможеше да ги пружи истите партии како во Арсенал. Овермарс одигра 141 натпревар и постигна 19 гола, но здраствените проблеми влијаеа на неговите игри. Замина во 2004 година, без освоен трофеј. Овермарс по заминувањето од Барселона, својата кариера реши да ја заврши во матичниот клуб Го Ахеад Еаглес во сезоната 2008/2009.

Оцена: Промашување.

 

http://img1.cfstatic.com/euro-2012/emmanuel-petit-tout-comme-ses-amis-laurent-blanc-lilan-thuram-et-christophe-dugarry-a-joue-sous-les-couleurs-blaugrana_61993_w460.jpg

Емануел Петит- среден ред 8,7 милиони евра 2000 год.

Французинот Емануел Петит заедно со својот сонародник Патрик Виера заедно во Арсенал беа прекрасен пар од средниот ред. Истата година кога Овермарс, стигна во Барселона по три успешни сезони во Премиер лигата. Светскиот шампион на Камп Ноу се сретна со капитенот Пеп Гвардиола кој тогаш играше на неговата позиција. Тогашниот тренер Лоранц Сер Ферер некогаш го користеше и во одбраната. Во својата автобиографија Петит откри како тренерот не знаел воопшто на која позиција да го користи. Борејки се со повредите и за место во тимот, Петит никогаш не се вдоми во Барселона. Се врати во Англија, во Челси, следната сезона. севкупно има одиграно 38 натпревари каде што забележа само 1 погодок.

Оцена: Промашување.

 

http://iv1.lisimg.com/image/4130864/600full-giovanni-van-bronckhorst.jpg

Џовани Ван Бронхорст- лев бек 2 милиони евра 2004 год.

Додека Емануел Петит во Арсенал од лев бек стана фудбалер од средниот ред , Џовани ван Бронхорст, Арсен во Арсенал го доведе како замена за французинот во 2001 година, отиде во спротивен правец. Во Барса го доведе неговиот сонародник Франк Рајкард во 2004 година, Ван Бронхорст одлично се снајде на местото лев бек. Играше за тимот кој два пати го освоија врвот на Шпанија, како и лигата на шампиони во 2006 година.

Вкупно холанѓанецот помина четири години на Камп Ноу и освои 5 трофеи. Клубот го чинеше само 2 милиони евра. Ван Бронхорст постигна 7 гола на 153 натпревари, а во 2007 година потпиша за Фејноорд.

Оцена: Погодок.

 

http://static.guim.co.uk/sys-images/Football/Pix/pictures/2009/5/2/1241299481073/Thierry-Henry-Real-Madrid-001.jpg

Тиери Анри- Напаѓач 24 милиони евра 2007 год.

Анри во Барселона можеше да дојде уште во летото 2006 година, но одлучи да остане во Арсенал, после тоа што беа поразени во финалето од ЛШ од благурана. Следната сезона Анри се повреди, но помина во Барселона за 24 милиони евра.

Во првата сезона беше многуразочарувачки во кој тимот на Франк Рајкард не освои ниту еден трофеј, но французинот беше еден од главните алки во првата сезона на Пеп Гвардиола, каде што даде 26 гола на 42 натпревари. Следната сезона работите се комплицираа со доаѓањето во тимот на Педро и Ибра. Анри и понатаму имаше своја улога во тимот која уште една година по ред освоија трофеи. По 121 натпревари за Барселона и 49 гола, Анри во 2009 година, премина во редовите на Ред Бул.

Оцена: Погодок.

 

http://www1.pictures.gi.zimbio.com/Aliaksandr+Hleb+FC+Barcelona+v+New+York+Red+P28GRxwP7hbl.jpg

Александер Хлеб- среден рен 17 милиони евра 2008 год.

Белорусинот Александер Хлеб во Барселона стигна по една од најуспешните сезони во клубот. Во летото 2008 година дојде од Арсенал за 17 милиони евра. Но офанзивниот играч едвај да беше во главните планови на Пеп Гвардиола, никогаш не се прилагоди на играта во каталонскиот тим. Неговата улога беше ограничена па беше пуштен на позајмица.

Хлеб клубот го напушти кога заврши натпреватот од кралскиот куп победувајки го Атлетик Билбао, но не играше и во финалето на лигата на шампионите каде што тимот на Пеп го совлада тимот на Манчестер Јунајтед. Има одиграно само 36 натпревари во таа сезона, па потоа одеше на позајмица во Штутгарт па во Бирмингем, Фолсбург, Крили Совјетов и Бате Борисов во својата татковина. Моментално е во Турција во Коњаспор.

Оцена: Промашување.

 

http://3.bp.blogspot.com/-L799qAAk040/TveHCiajSKI/AAAAAAAADdw/lSLtD8Tg2gw/s400/cesc%2Bfabregas%2Bbarca%2Bbarcablog%2Bfcbarcelona%2Bbarcelona%2Bbarca%2Bblog%2Bfcb%2Bnews%2Bcesc%2Bfabregas%2Bbarca%2Bbarcablog%2Bfcbarcelona%2Bbarcelona%2Bbarca%2Bblog%2Bfcb%2Bnews.JPG

Цеск Фабрегас- среден ред29 милиони евра 2011 год.

Фабрегас ја напушти Барселона во 2004 година. Во клубот сметаа дека нема да биде доволно добар. Но, Фабрегас беше голема бајка во Арсенал, вракајки се на Камп Ноу како светски и европски првак во летото 2011 година. Се мислеше дека тоа чувство е совршено. Првите знаци беа ветувачки, одлично се вклопи во играта со Лионел Меси, каде што заедно играа и во младите категории.

За три сезони поминати на Камп Ноу, Цеск всушност никогаш не го најде вистинското место. Навивачите го обвинуваа поради лошите игри и недостиг на залагање. Не ги исполни очекувањата, па поради тоа од Барселона не пуштија солза поради неговото заминување. Фабрегас ги засили редовите на Челси. Во својот матичен клуб постигна 42 гола и имаше 48 асистенции на 151 натпревар. Од 2011-2014 освои 6 трофеи. Покрај солидните бројки, никогаш не остави добар впечаток.

Оцена: Промашување.

 

http://www1.pictures.zimbio.com/gi/Alex+Song+FC+Barcelona+v+Malaysia+XI+u6-kmi90Sjzl.jpg

Алекс Сонг- среден ред 19 милиони евра 2012 год.

Пред две години го доведе покојниот Тито Виланова како играљч кој може да покрие места во одбраната и во средниот ред. На почетокот беше чуда реквизиција. Колумбиецот се бореше за место во средниот ред, исто така се откри дека неможе да игра во последната линија каде што беше користен кога имаше кризи во одбраната на Барселона во сезоната 2012/13.

Минатата сезона повторно беше вратен во средниот ред. Со неговото влегување во игра против Рајо Ваљекано доведе до тоа да Барса за прв пат после 317 натпревари немала подобар посев од противникот. Беше тоа една од најлошите игри на Барселона. Сонг повторно беше во тимот на Барселона каде што забележеа пораз од тимот на Реал Сосиадад.

Сонг не е дел од плановите на новиот тренер Луис Енрике. Бара нов клуб, а во меѓувреме за време на тренингот Сонг го повреди голманот Тер Штеген. По 65 натпревари одиграни за Барселона, време е за заминување од клубот.

Оцена: Промашување.

Category: Ла Лига | Views: 652 | Added by: NoName | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
avatar

Log In

Our poll

Кој ке ја освои Ла Лига?
Total of answers: 2