18:55 Половина Лига нема стандарден голман!! | |
Во Ла Лига има големи дебати на голманските позиции, а интересно на прсти може да се избројат екипите кои имаат стандаредн голман, а главна причина е тоа што добар дел од екипите имаат два горе-долу подеднакво квалитетни голмани. Како никогаш досега ова лето имаше ротации на голманските екипи, ммногу екипи како замена за до вчера првиот избор на голот, донесоа два голмани кои ќе се борат за таа позиција. Барселона и Атлетико се најголем пример за тоа. Барса остана без Виктор Валдес, кој 12 години беше незаменлив на голот на Барса, па кој голман и да се донесеше, ќе мораше да се задоволи со минути само во Копа. Сличен е примерот и во Алтеитко. До мај незаменлив на голот беше Тибо Куртоа, а единствен проблем на Чоло беше вториот голман, кој ќе мораше да се задоовли со многу мала минутажа. Мурињо го врати Куртоа во Челси, па Атлетико слично како и Барса, еден врвен голман, замени со третокласниот Моја и младиот перспективен Облак. Засега во двете екипи, третокласните но искусни голмани ги добиваат дуелите, но пред почетокот на сезоната и Тер Стеген и Облак, кои се донесени како долгорочно решение за голманската позиција имаа повреди. Покрај шампионот и вице-шампионот на Шпанија, секојдневни дебати има и во Реал Мадрид. По одличниот Мундијал, Реал Мадрид побрза и експресно го доведе Кејлор Навас. Но барем засега довчерашниот голман на Леванте е во сенка на Икер Касиљас. Сепак, гледаме дека Икер е далеку од врвната форма, па прашање е до кога Анчелоти ќе одолева на притисокот на Перез, а фановите преку анкетите на про мадридските медиумите едногласно го бараат Навас меѓу стативите. Слична судбина како Навас има уште едно откритие на Мундијалот, Гилермо Очоа. Мексиканецот како слободен агент пристигна во Малага како замена за Виљи Кабаљеро кој отиде во Манчестер Сити, но тренерот Хави Гарсиа поголема доверба има до вчера резервниот голман Камени. Слична битка се води и во Валенсиа меѓу Жоел и Диего Алвес. Можеби најголеми маки од сите има Капарос во Гранада. Три голмани горе долу од ист калибар, Роберто, довчерашниот трет голман на Барса Ојер Олазабал и македонецот Столе Димитриевски. И тројцата имаат подеднакви шанси да бранат на било кој натпревар, досега бранеа Роберто и Столе, додека Ојер сеуште го чека дебито. Некои екипи на стартот влегоа со дефиниран статус на првиот голман, како Севиља и Реал Сосиедад, но повредите ги поматиа сметките на Емери и Арасте. Бето беше прв избор на Емери, но поради повреда принудно сега брани Барбоса, а Севиља ја разгледува можноста да донесе нов голман, со што по враќањето на Бето и тука ќе се отворат дебати. Реал Сосиедад го донесе младиот аргентинец Руљи како замена за Браво, но голманот се повреди и моментално прв избор е Зубикари кој брани во одлична форма и Руљи не би се вратил така лесно во стартната постава по повредата. Ова се екипите кои (сеуштЕ) немаат дефинирано прв голман, но има и некои екипи каде тоа прашање е решено. Гуаита и Титон се голмани кои летово ја променија средината, но имаат сигурен статус во Хетафе и Елче. Исто така, Серхио Алварез е наследникот на Жоел во Селта. Додека екипи како Алтетик Билбао (Ираизоз), Виљареал (Асењо), Еибар (Ирурета), Депортиво (Лукс), Еспањол (Касиља), Алмариа (Рубен) и Кордоба (Хуан Карлос), не ги менуваа голманите и продолжуваат со истите кои лани беа сигурни стартери. | |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |