00:45 Ракитич: Барселона може да биде страшна како Реал | |
Шпанците го споредуват со Брендан Шустер. "Битно е да се има добри играчи, но уште поважно е да се биде семејство. Двајца или тројца играчи неможе да победуват. За тоа е потребно цел тим", рече Иван. Хрватскиот ремпрезентативец е многу интересен за шпанските медиуми. Даде интервју за каталонскиот дневен весник El Mundo Deportivo. На прашањето дали Барселона е голем клуб како што очекувал, Ракитич изјави: "Овде се е големо, во клубот има многу луѓе. Навивачите не чекат пред тренинг кампот, и ме чекаа во хотелот во кој престојував. Што се однесува до тимот, најважно ми е сите во соблекувалната да ме поддржат како семејство, како да сум овде долго време. Тоа многу ми значи", рече Ракитич кој од неговите колеги најногу е воодушевен од Меси. "Тој е неверојатен, задоволство ми е да го гледам на теренот. Не го познавав лично пред да дојдам во Барселона. Талент, брзина, шут, има се", вели хрватскиот ремпрезентативец кој е воодушевен и од тренерот Луис Енрике. "Се е јасно, работиме до најситен детал, тој не учи како секое додавање е важно. Без сомнение тој е прав тренер и професионалец. Инсистира на што поголем посев на топката, на притисок. Секогаш можете да ја изгубите топката, но мора веднаш да направите притисок. Добро ни ги пренесува неговите идеи." Ракитич беше запрашан за неговото заминување од Севиља. "После три години поминати во Севиља верувам дека сум созреан како личност за ваков предизвик. Јас сум голем професионалец, но нема да ви дадам повеке вести за надвор од теренот" Каталонците веке го споредоа со Брендон Шустер, несамо поради плавата коса, туку и поради прегледот на играта и осетот за додавање. "Спрема него имам голема почит. Добри се споредбите, но овде ме очекува многу работа, сакам да постигнам успех со Барселона, и да победувам на секој натпревар" Секако, Ракитич не можеше да ги одбегне прашањата во врска со Реал Мадрид кој одлично ја отвори новата сезона во Супер купот, со победа против неговиот поранешен клуб, Севиља. "Почитувам секого, но сакам да разговарам само за мојата екипа. И ние можеме да играме застрашувачки, затоа тренираме секој ден. Секако дека постои ривалство помеѓу големите клубови, но мора да размислуваме само за себе. Ги имаме најдобрите играчи на светот." Ракитич минатата сезона за Севиља постигна 12 гола, а оваа сезона сака да биде добар во секој дел од играта. "Не сакам да се лимитирам, сакам да ги поправам бројките, но најважно е да се игра. Неможам да ви кажам дека ке играм како Меси, или пак ке ги избегнувам клизањата како Иниеста. Тие кој ме познават од Севиља, знаат дека имам своја игра." Ракитич смета дека Барселона го има најдобар напад со Меси, Нејмар и Суарез. "Секогаш е добро да вклопиш добри играчи во тимот. Се добро ке функционира, тренерот инсистира на детаљи. Но Барселона не се само тие тројца. Важно е да се има добри играчи, но најважно е да се биде вистинско семејство. Двајца или тројца играчи неможе само они да победуваат. Треба да се биде тим", рече Ракитич кој за шпанските новинари истакна кој е неговиот идол. "Од секогаш ми се допаѓаше стилот на Роберт Просенички. Ми беше тренер во ремпрезентацијата и многу научив од него. Беше невозможно да му ја одземеш топката, имавме тренинг, отидовме агресивно на него, но ништо не можевме да му направиме", рече Ракитич. | |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |