00:14 Реал водеше, но на крајот изгуби од Фиорентина | |
Реал заводе со голот на Роналдо, меѓутоа виолетовите направија пресврт со головите на Гомез и Алонсо. Актуелниот европски шампион во Варшава изгуби од Фиорентина со 2:1. Сепак, кралевите го отворија резултатот уште во 4 минута. Преку брза контра на Реал, асистенциа на Ди Мариа и погодок на Роналдо. Фиорентина израмни во 26 минута, каде што по уфрлањето од десната страна со глава постигна погодок Марио Гомез. Во продолжение Карло Анчелоти главната ѕвезда ја прати на клупата, па Фиорентина тоа го искористи и постигна гол Маркос Алонсо, каде што по десната страна успеа да се ослободи од двајца играчи на Реал и постигна погодок во спротивниот агол, дебитантски погодок прими новиот дудбалер на Реал Мадрид колумбиецот Кејлор Навас. Кралевите сега ги очекува тежок натпревар од Супер купот на Шпанија каде што во вторник во првиот натпревар играт против гратскиот ривал Атлетико Мадрид. | |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |