18:36 Симеоне: Имаме одличен напад | |
Примарна цел на Атлетико е до крајот на овој преоден рок да доведат уште еден фудбалер од средниот ред.
Симеоне истакна како е задоволен од засилувањата за претстојната сезона, а посебно е задоволен од фудбалерите од нападот.
Шпанскиот првак нападот го појачи со Марио Манџукич, Антонио Гриезман и Раул Јиминез.
"Јиминез е млад фудбалер кој е многу брз, а со тројцата Гриезман, Раул Гарциа и Марио Манџукич сигурен сум дека ке создадеме одличен напад.", рече Симеоне
Исто така проговори и за евентуален трансфер на Фернандо Торес.
"Не сум тренер и не сме финансиски многу моќни и мора да се прилагодиме на ситуацијата која ја имаме. Во договор со управата јас одлучувам кого ке доведам во тимот.
Доаѓањето на Јиминез, тоа ми е само доволно. Јас како тренер задоволен сум од состојбата на клубот и сум пресрекен што ке можам да го тренирам овој клуб. Уверен сум дека клубот работи на тоа да доведе фудбалер од средниот ред и се надевам дека ке го постигнеме најдоброто решение. Миранда, Годин, Габи, Коке, Марио, Тиаго, Арда... се најдобрите играчи. Ми треба уште еден покрај нив", рече Симеоне и заклучи: "Тие кој си заминаа, тоа беше нивен избор. Не можам да кажам дека сакаа да останат. Наше е да го надоместиме изгубеното и да продолжиме да го градиме тимот." | |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |