17:01 Соседско дерби: Леванте-Виљареал 23:00 | |
Леванте и Виљареал ке ја отворат новата сезона во Премиера со малото гратско дерби во Валенсиа, но овој натпревар за нивните пристапи ке вреди повеке од три бода.
Кој ке го чува голот на Леванте сега кога го нема Кејлор Навас кој често ги спасуваше кога се мислеше дека им нема спас. Како и секогаш, управата успеа да направи солидна екипа и сега можеби ке немат премногу проблеми за да опстанат овој пат. На претходните пет натпревари не се прославиа, имаа два пораза, два ремија и една победа.
Виљареал оваа лето премногу не го менуваа тимот. Тоа што можеби е најголемо прашање е тоа дали ке остане мексиканскиот дефанзивец Мусакио. Касата би била полна, но ке остане голема дупка доколку си замине. Жолтата подморница, беше одлична во припремниот период. имаа четири победи и само едно реми.
Виљареал ке се натпреварува во Европа. На овој натпревар, Леванте ке биде без Диоп и Ектор Родесо, додека пак стручниот штаб на Виљареал нема да може да смета на Дордо и Инјиезга. Во второто коло, Леванте има тешко гостување во Билбао, додека пак Виљареал го дочекува тимот на Барселона а се сеќаваме што се случи минатата сезона токму на овој стадион. | |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |