21:49 Суарез: Ди Мариа и Алонсо нема да им недостасува на Реал!ѓ | |
Фудбалерот на Атлетико Мадрид Марио Суарез смета дека со продажбата на Анхел Ди Мариа и Чаби Алонсо нема да ги ослаби нивните ривали. Ди Мариа веднаш по заминувањето од Реал Мадрид, покажа како играч е тој. Асистираше на трите гола и постигна еден погодок против Германија. Кој знае што би се случило доколку играше во финалето на светското првенство. Чаби Алонсо исто така даваше сигурност во средниот ред во тимот на Анчелоти, тие се продадени, но Суарез смета дека тоа нема да му пречи на кралскиот тим. "Чаби Алонсо за мене е еден од најдобрите фудбалери од средниот ред. Многу пати имам играно против него и тој навистина е неверојатен играч, многу може да се научи од него. Сепак го доведоа Крос, тој беше еден од најдобрите играчи на мундијалот во Бразил. Слично е и со Родригез и Ди Мариа. И двајцата се одлични, но мислам дека Реал не згреши во тој избор", смета Суарез. Фудбалерот на Атлетико додаде дека сезоната штотуку започнува. "Сезоната само што започна, и да ги ставите 11 најдобри на светот, потребно е тие да профункционират заедно на теренот. Исто така е и за овој тим, потребмно му е време, многу не е променет, но новите играчи ке мора да се навикнат на системот на Реал. Сигурен сум дека повторно ке бидат моќни", рече Суарез.
| |
|
Total comments: 0 | |
Section categories
Ла Лига [104] |
Трансфер зона [10] |
Останато [13] |
Лига на шампиони [7] |
Лига Европа [0] |